Лек: Пентоксифилин Алкалоид

  • ATC код:C04AD03
  • Компанија:АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
  • Доза:400mg филм-обложени таблети со продолжено ослободување
Нарушување на периферниот артериски крвоток (макроциркулација и микроциркулација)
  • Применливо во случај на артеросклероза, дијабетес мелитус и вазоспазми (интермитентна клаудикација, микроангиопатија и микроангиопатија при дијабетес мелитус, како и Raynaud's феномен).
Нарушувања на венската циркулација
  • Применливо при пост-тромботичен синдром или улкуси на нозете.
Нарушувања на церебралната циркулација
  • Применливо при транзиторни исхемични напади, последици од мозочен удар и хронична церебрална инсуфициенција.
Нарушувања на окуларната перфузија
  • Применливо при акутни и хронични состојби поради несоодветна ретинална циркулација на крвта.

Pentoxifylline ја намалува вискозноста на крвта и ги подобрува циркулацијата и оксигенацијата на периферните ткива. Со зголемување на серумските нивоа на еритроцитниот аденозин трифосфат и на цикличните нуклеотиди, pentoxifylline ја подобрува флексибилноста на еритроцитите, со што се намалува вискозноста на крвта, се спречува еритроцитна агрегација и се стимулира фибринолиза со цел намалување на плазматската концентрација на фибриногенот. Pentoxifylline исто така ја инхибира мембрански-врзаната фосфодиестераза, што води до зголемување на концентрацијата на цикличниот аденозин монофосфат; понатаму, pentoxifylline ја инхибира синтезата на тромбоксанот и ја стимулира синтезата на простациклин; овие дејства ја спречуваат тромбоцитната агрегација; дополнително, со инхибиција на фосфодиестеразата и со зголемената концентрација на цикличен аденозин монофосфат, се постигнува вазодилатација на ниво на скелетно-мускулната васкулатура. 

Pentoxifylline го спречува формирањето на слободните радикали за време на периферна исхемија кај пациенти со периферни васкуларни нарушувања, а исто така спречува исхемично оштетување на ткивата на ниво на интестиналната мукоза. 

Препорачана вообичаена доза на pentoxifylline e 400mg на секои 8 часа.

По подобрување на клиничката состојба, дневната доза може да се намали на 400mg на секои 12 часа.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на pentoxifylline кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со креатинин клиренс < 30 mL/min во насока на нејзино намалување за 50 - 70% од препорачаната доза за возрасни; 
  • Препорачана доза на pentoxifylline кај пациенти на хемодијализа е 400mg дневно, со можност за понатамошно постепено зголемување на дозата во интервали од 4 дена.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон pentoxifylline
  • Хиперсензитивност кон деривати на ксантин (теофилин, аминофилин, кофеин, холин теофилинат или теобромин);
  • Акутен миокарден инфаркт; 
  • Тешка форма на кардијална аритмија; 
  • Интрацеребрална хеморагија; 
  • Ретинална хеморагија; 
  • Состојби асоцирани со висок ризик од хеморагија;
  • Гастрични или интестинални улкуси. 
Антагонисти на витамин К
  • Истовремената употреба на pentoxifylline со антагонисти на витамин К може да го зголеми ризикот од хеморагија.
Антихипертензиви
  • Истовремената употреба на pentoxifylline со антихипертензиви може да резултира со потенцирање на дејството на антихипертензивните лекови.
Антикоагуланси, инхибитори на агрегацијата на тромбоцитите
  • Истовремената употреба на pentoxifylline со антикоагуланси (клопидогрел, ептифибатид, тирофибан, епопростенол, илопрост, абциксимаб, анагрелид, НСАИЛи, ацетилсалицилати, тиклопидин и дипиридамол) или антиагрегациски лекови може да резултира со пролонгирање на протромбинското време и да го зголеми ризикот од хеморагија.
Циметидин
  • Истовремената употреба на pentoxifylline со циметидин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на pentoxifylline.
Теофилин
  • Истовремената употреба на pentoxifylline со теофилин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на теофилин.
Кеторолак, мелоксикам
  • Истовремената употреба на pentoxifylline со кеторолак или мелоксикам може да резултира со пролонгирање на протромбинското време и да го зголеми ризикот од хеморагија.
Ципрофлоксацин
  • Истовремената употреба на pentoxifylline со ципрофлоксацин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на pentoxifylline.
Инсулин и орални антидијабетици
  • Истовремената употреба на pentoxifylline со инсулин или орални антидијабетици може да резултира со промени во хипогликемичните ефекти на овие лекови.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на pentoxifylline за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со pentoxifylline.

Нема податоци.

Лабораториски испитувања
  • Хипертрансаминазиемија.
Кардијални нарушувања
  • Аритмија, тахикардија, ангина пекторис. 
Нарушувања на крвта и лимфниот систем
  • Тромбоцитопенија, неутропенија / леукопенија.
Нарушувања на нервниот систем
  • Зашеметеност, главоболка, асептичен менингитис. 
Гастроинтестинални нарушувања
  • Епигастрична непријатност, абдоминална болка и дистензија, наузеа, вомитус, дијареа, констипација, хиперсаливација.
Нарушувања на кожата и поткожните ткива
  • Пруритус, еритема, уртикарија, осип, напливи на топлина.
Васкуларни нарушувања
  • Хеморагија, хипотензија.
Нарушувања на имунолошки систем
  • Анафилактичка / анафилактоидна реакција, ангиоедем.
Хепатобилијарни нарушувања
  • Холестаза.
Психијатриски нарушувања
  • Агитација, нарушен сон. 
Респираторни нарушувања
  • Бронхоспазам.
Симптоми
  • Црвенило на лицето, хипотензија, сомноленција, губење на свеста, вомитус, хиперпирексија, агитација и конвулзии.
Третман
  • Индукција на емеза; 
  • Гастрична лаважа; 
  • Симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на зашеметеност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C04AD03
Генерично име:pentoxifylline
Латинично име:Pentoxifylline prolonged-release film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:400mg филм-обложени таблети со продолжено ослободување
Производител:АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
Носител на одобрение:АЛКАЛОИД АД, Скопје, Р. Северна Македонија