Спречување на инфекции при изгореници, рани, инцизии и други локални рани
Третман на примарни или секундарни локални бактериски, фунгални и вирусни инфекции
Третман на инфицирани хируршки лезии
Третман на инфицирани декубитални улцери
Пиодермии
Секундарно-инфицирани дерматози
Инфицирани трауматски лезии
Брз третман на лацерации и абразии
Povidone-iodine претставува стабилен хемиски комплекс на поливинилпиролидон и елементарен јод, кој се користи како антибактериски агенс за топикална примена. Микробицидното дејство се должи на слободниот јод, кој, кога се ослободува од комплексот со поливинилпиролидон, пенетрира низ клеточниот ѕид на микроорганизмите и го манифестира леталниот ефект преку механизам на дисрупција на синтезата и структурата на протеините и нуклеинските киселини. Дополнително, povidone-iodine врши дисрупција, односно денатурациј и инактивација на функцијата на цитосолните ензими кои се вклучени во респираторниот ланец. На крај, povidone-iodine го инхибира ослободувањето на проинфламаторните медијатори како тумор-некротизирачки фактор α- и β-галактозидаза и ја инхибира продукцијата на металопротеиназата.
Povidone-iodine се администрира директно на заболеното место, 2 - 3 пати дневно, со или без поставување на оклузивен завој.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.