Лек: Зофекард

  • ATC код:C09AA15
  • Компанија:БЕРЛИН-ХЕМИ/ А.МЕНАРИНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
  • Доза:7,5mg филм-обложени таблети
Блага до умерена есенцијална хипертензија
Акутен миокарден инфаркт

Zofenopril претставува АКЕ-инхибитор кој ја инхибира активноста на ангиотензин-конвертирачкиот ензим, кој ја катализира конверзијата на ангиотензин I во ангиотензин II. Инхибицијата на ангиотензин-конвертирачкиот ензим резултира со намалување на концетрацијата на ангиотензин II, зголемување на реналната активност и намалено лачење на алдостерон. Антихипертензивниот и хемодинамичкиот ефект на zofenopril кај пациенти со хипертензија се резултат на дилатацијата на резистентните крвни садови и намалувањето на вкупната периферна резистентност, која постепено го намалува крвниот притисок. Ритамот на срцето и кардијалниот 'output' обично остануваат непроменети.

Хипертензија
  • Препорачана почетна доза на zofenopril кај пациенти кај кои нема губиток на волумен или сол е 15mg дневно, со постепено зголемување до 30mg дневно; 
  • Кај пациенти кај кои постои сомневање за губиток на волумен или сол, препорачаната почетна доза на zofenopril e 7,5 - 15 mg дневно.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Потребно е прилагодување на дозата кај постари пациенти со ренално оштетување; 
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со зачувана ренална функција.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на zofenоpril кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Кај пациентите со лесно до умерено хепатално оштетување, се препорачува администрација на 50% од дозата за возрасни;
  • Употребата на zofenopril кај пациенти со сериозно хепатално оштетување е контраиндицирана.
Акутен миокарден инфаркт
  • Препорачана доза на zofenopril e 7,5mg на секои 12 часа, администрирана на првиот и вториот ден. На третиот и четвртиот ден се администрира доза од 15mg на секои 12 часа, додека од петтиот ден па натаму, се препорачува доза од 30mg на секои 12 часа.
  • Хиперсензитивност кон zofenopril
  • Ангионевротски едем во анамнезата предизвикан од претходна терапија со АКЕ-инхибитори;
  • Истовремена употреба на сакубитрил / валсартан; 
  • Наследен / идиопатски ангионевротски едем; 
  • Тешко хепатално нарушување; 
  • Втор и трет триместар од бременоста; 
  • Жени во репродуктивен период; 
  • Билатерална стеноза на реналната артерија или унилатерална стеноза на реналната артерија при постоење на еден бубрег; 
  • Истовремена употреба на лекови кои содржат алискирен кај пациенти со дијабетес мелитус или со ренална инсуфициенција.
Сакубитрил / валсартан
  • Истовреманата употреба на zofenopril со сакубитрил / валсартан може да го зголеми ризикот од појава на ангиоедем.
Рацекадотрил, mTOR-инхибитори, вилдаглиптин
  • Истовреманата употреба на zofenopril со рацекадотрил, mTOR-инхибитори (сиролимус, еверолимус и темсиролимус) или вилдаглиптин може да го зголеми ризикот од појава на ангиоедем. 
Диуретици кои штедат калиум и суплементи кои содржат калиум
  • Истовреманата употреба на zofenopril со диуретици кои штедат калиум (спиронолактон, триамтерен или амилорид) и суплементи кои содржат калиум може да резултира со хиперкалиемија.
Други антихипертензиви
  • Истовреманата употреба на zofenopril со други антихипертензиви може да го потенцира антихипертензивниот ефект.
Тиазидни диуретици и диуретици на Хенлеова петелка
  • Истовреманата употреба на zofenopril со тиазидни диуретици (хидрохлортиазид) или диуретици на Хенлеова петелка (фуросемид) може да го зголеми ризикот од хипотензија.
Литиум
  • Истовреманата употреба на zofenopril со литиум може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на литиумот.
Злато
  • Истовреманата употреба на zofenopril со злато (инјектабилен натриум ауротиомалат) може да резултира со појава на нитритоидни реакции, кои се манифестираат со појава на црвенило на лицето, наузеа, вомитус и хипотензија.
Анестетици
  • Истовреманата употреба на zofenopril со анестетици може да резултира со потенцирање на хипотензивниот ефект на некои анестетици.
Трициклични антидепресиви, антипсихотици, анестетици, наркотици
  • Истовреманата употреба на zofenopril со трициклични антидепресиви, антипсихотици, анестетици и наркотици може да резултира со адитивен хипотензивен ефект.
Циметидин
  • Истовреманата употреба на zofenopril со циметидин може да го зголеми ризикот од појава на хипотензивен ефект.
Циклоспорин
  • Истовреманата употреба на zofenopril со циклоспорин може да резултира со хиперкалиемија.
Хепарин
  • Истовреманата употреба на zofenopril со хепарин може да резултира со хиперкалиемија.
Антидијабетици
  • Истовреманата употреба на zofenopril со антидијабетици може да резултира со адитивен хипогликемичен ефект. 
Алопуринол, прокаинамид, цитостатици, имуносупресиви
  • Истовреманата употреба на zofenopril со алопуринол, прокаинамид, цитостатици и имуносупресиви може да го зголеми ризикот од појава на хиперсензитивна реакција и леукопенија.
НСАИЛи
  • Истовреманата употреба на zofenopril со НСАИЛи може да резултира со супресија на антихипертензивниот ефект на zofenopril, да доведе до појава на хиперкалиемија и до влошување на реналната функција. 
Антациди
  • Истовреманата употреба на zofenopril со антациди може да резултира со намалување на биорасположливоста на zofenopril.
Симпатомиметици
  • Истовреманата употреба на zofenopril со симпатомиметици може да резултира со супресија на антихипертензивниот ефект на zofenopril.

Храната може да ја намали брзината на апсорпција на zofenopril.

Бременост
  • Употребата на zofenopril e контраиндицирана за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со zofenopril.

Не се препорачува употреба на zofenopril кај жени во репродуктивен период.

Многу чести

/

Чести
  • Вртоглавица, главоболка, кашлица, наузеа, вомитус, замор.
Помалку чести
  • Парестезија, нарушена рамнотежа, абдоминална болка, дијареа, констипација, сува уста, алергиски реакции, пруритус, уртикарија, еритема мултиформе, Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, ефлоресценција слична на псоријаза и алопеција, мијалгија, артралгија, еозинофилија.
Ретки
  • Осип, ангиоедем, мускулни спазми, астенија, депресија, промени во расположението, нарушен сон, конфузија, заматен вид, тинитус, диспнеа, синуситис, ринитис, глоситис, бронхитис, бронхоспазам, ангионевротски фацијален едем, хиперхидроза, нарушено мокрење, еректилна дисфункција.
Многу ретки
  • Периферни едеми, градна болка, хипогликемија, агранулоцитоза, панцитопенија.
Непознато
  • Синдром на несоодветна секреција на антидиуретичен хормон.
Симптоми
  • Тешка хипотензија, шок, ступор, брадикардија, ренална инсуфициенција, електролитен дисбаланс.
Третман
  • Гастрична лаважа и администрација на натриум сулфат; 
  • Администрација на атропин за третман на брадикардија; 
  • Хемодијализа.

Поради можност од појава на зашеметеност, вртоглавица и замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C09AA15
Генерично име:zofenopril
Латинично име:Zofenopril film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:7,5mg филм-обложени таблети
Производител:БЕРЛИН-ХЕМИ/ А.МЕНАРИНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Носител на одобрение:A.Menarini Manufacturing Logistics and Services S.r.l., Лакуила, Италија