Блага до умерена есенцијална хипертензија
Акутен миокарден инфаркт
Zofenopril претставува АКЕ-инхибитор кој ја инхибира активноста на ангиотензин-конвертирачкиот ензим, кој ја катализира конверзијата на ангиотензин I во ангиотензин II. Инхибицијата на ангиотензин-конвертирачкиот ензим резултира со намалување на концетрацијата на ангиотензин II, зголемување на реналната активност и намалено лачење на алдостерон. Антихипертензивниот и хемодинамичкиот ефект на zofenopril кај пациенти со хипертензија се резултат на дилатацијата на резистентните крвни садови и намалувањето на вкупната периферна резистентност, која постепено го намалува крвниот притисок. Ритамот на срцето и кардијалниот 'output' обично остануваат непроменети.
Храната може да ја намали брзината на апсорпција на zofenopril.
Не се препорачува употреба на zofenopril кај жени во репродуктивен период.
Поради можност од појава на зашеметеност, вртоглавица и замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.