Лек: Кабивен

  • ATC код:B05BA10
  • Компанија:РИФАМ доо
  • Доза:/
Парентерална нутриција
  • Применливо кај возрасни пациенти и деца постари од 2 години на кои им е потребна парентерална исхрана во состојби кога оралната или ентралната исхрана не е возможна, не е доволна или е контраиндицирана.
Масна емулзија
  • Обезбедува есенцијални и неесенцијални масни киселини со долг ланец, потребни за енергетскиот метаболизам и одржување на структурниот интегритет на клеточните мембрани.
Аминокиселини и електролити
  • Аминокиселините, конституенти на протеините во храната, се употребуваат за ткивна протеинска синтеза и секој вишок се канализира преку бројни метаболни патишта.
Глукоза
  • Глукозата нема фармакодинамски ефекти освен во придонесувањето за одржување или подобрување на нутритивниот статус.

Потребите се движат од 0.10 - 0.15g/kg телесна тежина на ден aзот кај нормален нутритивен статус или кај состојби со благ метаболен стрес.

Кај пациенти со умерен до силен метаболен стрес, со или без малнутриција, потребите се движат во опсег од 0.15 - 0.30 g/kg телесна тежина на ден азот (1.0 - 2.0 g аминокиселини/kg телесна тежина дневно). 

Општо прифатените потреби се 2.0 - 6.0 g глукоза и 1.0 - 2.0 g масти. Вкупните енергетски потреби се во опсег од 25 - 35 kcal/kg телесна тежина дневно.

Брзината на инфундирање не треба да е поголема од 2.6 mL/kg телесна тежина / h (одговара на 0.25 g глукоза, 0.09 g аминокиселини и 0.1 g/масти/kg телесна тежина дневно. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена ренална инсуфициенција; 
  • Примената на парентерална нутриција е контраиндицирана кај пациенти со сериозна ренална инсуфициенција. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена хепатална инсуфициенција; 
  • Примената на парентерална нутриција е контраиндицирана кај пациенти со сериозна хепатална инсуфициенција. 
Педијатриска популација
  • Инфузијата кај мали деца (2 -10 години) започнува со ниски дози од 12.5 - 25 mL/kg телесна тежина дневно (одговара на 0.49 - 0.98 g масти/kg телесна тежина дневно, 0.41 - 0.83 g аминокиселини/kg телесна тежина дневно и 1.2 - 2.4 g глукоза/kg телесна тежина дневно) и се покачува за 10 - 15 mL/kg/ден до максимум 40 mL/kg/ден; 
  • Кај деца над 10-годишна возраст, применливи се дозите за возрасни. 
  • Хиперсензитивност кон јајца или протеини од соја или кикиритки; 
  • Тешка хиперлипидемија; 
  • Тешка хепатална и ренална инсуфициенција; 
  • Тешки нарушувања на коагулацијата; 
  • Вродени грешки во метаболизмот на аминокиселините; 
  • Тешка ренална инсуфициенција без хемофилтрација или дијализа; 
  • Акутен шок; 
  • Хипергликемија; 
  • Патолошко покачување на серумските нивоа на одреден електролит; 
  • Акутен пулмонарен едем, хиперхидратација, декомпензирана кардијална инсуфициенција и хипотонична дехидратација; 
  • Хемофагоцитотичен синдром; 
  • Доенчиња и деца под 2-годишна возраст; 
  • Нестабилна состојба (на пр. тешка пост-трауматска состојба, некомпензиран дијабетес мелитус, акутен миокардијален инфаркт, метаболна ацидоза, тешка сепса или хиперосмоларен едем). 
Хепарин
  • Хепаринот администриран во клинички дози предизвикува минливо ослободување на липопротеинска липаза во циркулацијата, резултирајќи со намалување на клиренсот на триглицеридите.
Масло од соја што содржи витамин К
  • Парентералната нутриција може да интерферира со терапевтскиот ефект на кумаринските деривати во маслто од соја кое содржи витамин К. 
Бременост
  • Нема податоци. 
Доење
  • Нема податоци. 

Нема податоци. 

Чести
  • Хиперпирексија.
Помалку чести
  • Главоболка, абдоминална болка, мачнина, вомитус, треска, замор, зголемено плазматско ниво на хепатални ензими.
Многу ретки
  • Хемолиза, ретикулоцитоза, хиперсензитивни реакции (кожен раш, уртикарија, анафилактични реакции), хипотензија, хипертензија, тахипнеа, приапизам.
Многу чести

/

Ретки

/

Непознато

/

Симптоми
  • Синдром на предозирање со масти проследен со мачнина, вомитус и потење, преоптоварување со течности, електролитен дисбаланс, хипергликемија и хиперосмоларност. 
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман; 
  • Хемодијализа и хемодијафилтрација. 

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:B05BA10
Генерично име:solution for parenteral nutrition, combinations
Латинично име:Solution for parenteral nutrition, combinations emulsion for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:/
Производител:РИФАМ доо
Носител на одобрение:FRESENIUS KABI AB, Упсала, Шведска