Лек: Аминопласмал Б.БРАУН 5% Е

  • ATC код:B05BA10
  • Компанија:Б.Браун Адриа д.о.о. Загреб, Претставништво
  • Доза:5% раствор за инфузија
Парентерална нутриција
  • Применливо кај возрасни пациенти и деца постари од 2 години на кои им е потребна парентерална исхрана во состојби кога оралната или ентралната исхрана не е возможна, не е доволна или е контраиндицирана.
Масна емулзија
  • Обезбедува есенцијални и неесенцијални масни киселини со долг ланец, потребни за енергетскиот метаболизам и одржување на структурниот интегритет на клеточните мембрани.
Аминокиселини и електролити
  • Аминокиселините, конституенти на протеините во храната, се употребуваат за ткивна протеинска синтеза и секој вишок се канализира преку бројни метаболни патишта.
Глукоза
  • Глукозата нема фармакодинамски ефекти освен во придонесувањето за одржување или подобрување на нутритивниот статус.
Возрасни пациенти и адолесценти од 14 - 17 години
  • Дневна доза - 1 - 2,0 g/kg телесна тежина аминокиселини (10 - 20 mL/kg телесна тежина или 70 - 1400 mL за пациенти со телесна тежина од 70kg); 
  • Максимална стапка на инфундирање - 0,1 g/kg телесна тежина аминокиселини (1,0 mL/kg телесна тежина на час или 1,17 mL/min за пациент со телесна тежина од 70kg). 
Посебни популации
Постари пациенти
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена ренална инсуфициенција; 
  • Примената на парентерална нутриција е контраиндицирана кај пациенти со сериозна ренална инсуфициенција. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена хепатална инсуфициенција; 
  • Примената на парентерална нутриција е контраиндицирана кај пациенти со сериозна хепатална инсуфициенција. 
Педијатриска популација
Новороденчиња, доенчиња и деца помали од 2 години
  • Примената на парентерална нутриција е контраиндицирана. 
Деца и адолесценти на возраст од 2 - 13 години
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Деца на возраст од 2 - 4 години
  • Препорачана дневна доза е 1,5 g/kg телесна тежина аминокиселини (15 mL/kg телесна тежина).
Деца на возраст од 5 - 13 години
  • Препорачана дневна доза е 1,0 g/kg телесна тежина аминокиселини (10 mL/kg телесна тежина).
Критично болни деца
  • Препорачана дневна доза од 3,0 g/kg телесна тежина аминокиселини.
  • Хиперсензитивност; 
  • Вродени недостатоци во метаболизмот на аминокиселини;
  • Сериозни нарушувања на циркулацијата со витален ризик (на пр. шок); 
  • Хипоксија; 
  • Метаболна ацидоза; 
  • Сериозна хепатална инсуфициенција; 
  • Сериозна ренална инсуфициенција во отсуство на ренална заместителна терапија; 
  • Висока и неконтролирана електролитна концентрација на одреден електролит; 
  • Декомпензирана срцева инсуфициенција; 
  • Акутен пулмонален едем; 
  • Хиперхидратација; 
  • Новороденчиња, доенчиња и мали деца под 2-годишна возраст.

Нема клинички значајни интеракции. 

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува примена на парентерална нутриција за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на примена на парентерална нутриција. 

Нема податоци.

Непознато
  • Алергиски реакции.
Многу ретки
  • Наузеа, вомитус. 
Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести

/

Ретки

/

Симптоми
  • Хиперхидратација, електролитен дисбаланс и белодробен едем, реакции на интолеранција предизвикани од аминокиселини, кои се манифестираат како наузеа, вомитус, главоболка, хиперамониемија и ренално губење на аминокиселини.
Третман
  • Прекин на терапијата и примена на симптоматски и супортивен третман.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:B05BA10
Генерично име:solution for parenteral nutrition, combinations
Латинично име:Solution for parenteral nutrition, combinations solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:5% раствор за инфузија
Производител:Б.Браун Адриа д.о.о. Загреб, Претставништво
Носител на одобрение:B.BRAUN MELSUNGEN AG, Мелсунген, Германија