Потребите се движат од 0.10 - 0.15g/kg телесна тежина на ден aзот кај нормален нутритивен статус или кај состојби со благ метаболен стрес.
Кај пациенти со умерен до силен метаболен стрес, со или без малнутриција, потребите се движат во опсег од 0.15 - 0.30 g/kg телесна тежина на ден азот (1.0 - 2.0 g аминокиселини/kg телесна тежина дневно).
Општо прифатените потреби се 2.0 - 6.0 g глукоза и 1.0 - 2.0 g масти. Вкупните енергетски потреби се во опсег од 25 - 35 kcal/kg телесна тежина дневно.
Брзината на инфундирање не треба да е поголема од 2.6 mL/kg телесна тежина / h (одговара на 0.25 g глукоза, 0.09 g аминокиселини и 0.1 g/масти/kg телесна тежина дневно.
Посебни популацииПациенти со ренално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена ренална инсуфициенција;
- Примената на парентерална нутриција е контраиндицирана кај пациенти со сериозна ренална инсуфициенција.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена хепатална инсуфициенција;
- Примената на парентерална нутриција е контраиндицирана кај пациенти со сериозна хепатална инсуфициенција.
Педијатриска популација
- Инфузијата кај мали деца (2 -10 години) започнува со ниски дози од 12.5 - 25 mL/kg телесна тежина дневно (одговара на 0.49 - 0.98 g масти/kg телесна тежина дневно, 0.41 - 0.83 g аминокиселини/kg телесна тежина дневно и 1.2 - 2.4 g глукоза/kg телесна тежина дневно) и се покачува за 10 - 15 mL/kg/ден до максимум 40 mL/kg/ден;
- Кај деца над 10-годишна возраст, применливи се дозите за возрасни.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.