Лек: Метотрексат "Ебеве"

  • ATC код:L01BA01
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:50mg / 5mL раствор за инјектирање или инфузија
Малигни трофобластни тумори (хидатиформна мола, хорионепителом)
  • Применливо како монотерапија или во комбинација со други цитостатици, кај жени со поволна или неповолна прогноза.
Карцином на дојка
  • ПРименливо во комбинација со други цитостатици после ресекција на туморот или мастектомија, како и за палијативен третман кај напреден стадиум.
Карцином на главата и вратот
  • Применливо во облик на палијативна монотерапија кај метастатски стадиум или во случај на релапс.
Не-Хочкинсов лимфом
  • Применливо во комбинација со други цитостатици, за третман на интермедиерен малигнитет или малигнитет со висок степен; 
  • Не-Хочкинсов лимфом кој е примарно локализиран во централниот нервен систем, пред радиотерапија. 
Акутна лимфобластна леукемија
  • Применливо во комбинација со други цитостатици, за ремисиона одржувачка терапија и за профилакса и третман на леукемичен менингитис.
Активен ревматоиден артритис
Полиартритични форми на тежок активен јувенилен идиопатски артритис
Тешка тераписки-рефракторна онеспособувачка псоријаза

Methotrexate врши инхибиција на ензимите кои се вклучени во нуклеотидната синтеза, вклучително дихидрофолат редуктаза, тимидилат синтетаза, аминоимидазол карбоксамид рибонуклеотид трансформилаза и амидофосфорибозилтрансфераза. Со инхибиција на синтезата на нуклеотидите се спречува клеточната делба.

Конвенционална терапија со methotrexate

Препорачани дозни режими на methotrexate се:

  • 15 - 20 mg/m2, администрирана интравенски, двапати неделно: 
  • 30 - 50 mg/m2, администрирана интравенски, еднаш неделно; 
  • 15 mg/m2 дневно, администрирана интравенски или интрамускулно, во тек на 5 последователни денови.

Секој од овие дозни режими се повторува на секои 2 - 3 недели.

Средно-високодозажна терапија со methotrexate
  • 50 - 150 mg/m2, администрирана во облик на интравенска инјекција, без заштита со калциум фолинат, на секои 2 - 3 недели; 
  • 240 mg/m2, администрирана во облик на интравенска инфузија во период од 24 часа, со заштита со калциум фолинат, на секои 4 - 7 дена; 
  • 0,5 - 1,0 mg/m2, администрирана во облик на интравенска инфузија во тек на 36 - 42 часа, со заштита со калциум фолинат, на секои 2 - 3 недели. 
Високо-дозажна терапија со methotrexate
Не-Хочкинсов лимфом примарно локализиран во CNS
  • Препорачана доза на methotrexate e 1500 - 4000 mg/m2, администрирана интравенски како еднократна доза, во тек на повеќе циклуси на монотерапија или во комбинација со радиотерапија и/или интратекална администрација со други хемотерапевтски лекови.
Акyтнa лимфобластна леукемија
  • Еднократна доза од 1500 mg/m2 како дел од комбинирана терапија кај возрасни пациенти; 
  • Еднократна доза од 1000 - 5000 mg/m2 како дел од комбинирана терапија кај деца и адолесценти.
Системска (интравенска и интрамускулна) администрација на methotrexate
  • Еднократна доза под 100 mg/m2 (нискодозажен режим); 
  • Еднократна доза помеѓу 100 - 1000 mg/m2 (високодозажен режим).
Maлигни трофобластни тумори (хидатиформна мола, хорионепителом)
  • Женски пациенти со низок ризик со добра прогноза - монотерапија во доза од 0,4 mg/kg телесна тежина, администрирана интрамускулно во деновите од 1 - 5, се повторува после 7 дена пауза; алтернативно се применува доза од 0,25 - 1 mg/kg телесна тежина, администрирана интрамускулно, во деновите 1, 3, 5 и 7, која се повторува после 7 дена пауза; 
  • Женски пациенти со висок ризик со лоша прогноза - 300 mg/m2, администрирана интравенски, како дел од комбинирана терапија. 
Kapцином на дојка
  • 40 mg/m2 телесна површина, администрирана интравенски на деновите 1 и 8, во комбинација со циклофосфамид и аналози на флуороурацил.
Карцином на главата и регијата на вратот
  • 40 - 60 mg/m2, администрирана интравенски, еднаш неделно како монотерапија.
He-Хочкинсов лимфом
  • Еднократна доза од 120 mg/m2, во рамки на комбинирана терапија.
Aкутна лимфоцитна леукемијa
  • За одржување на ремисија како дел од комплексниот терапевтски протокол - еднократна доза од 20 - 40 mg/m2.
Интратекална администрација на methotrexate
  • Деца на возраст < 3 месеци - 3mg; 
  • Деца на возраст од 4 - 11 месеци - 6mg; 
  • Деца на возраст од 1 годиниа - 8mg; 
  • Деца на возраст од 2 години - 10mg; 
  • Деца на возраст од 3 - 8 години - 12mg; 
  • Деца на возраст над 8 години - 12 - 15 mg. 
Peвматоиден артритис
  • Препорачана почетна доза на methotrexate e 7,5mg, администрирана еднаш неделно, во облик на супкутана, интрамускулна или интравенска инјекција, со можност за постепено зголемување на дозата за 2,5mg неделно, до максимална неделна доза од 25mg.
Полиартритични форми на јувенилен идиопатски артритис
  • Препорачана доза на methotrexate e 10 - 15 mg/m2 неделно, со можност за зголемување на дозата до 20 mg/m2 неделно.
Псоријаза и псоријатичен артритис
  • Препорачана доза на methotrexate e 5 - 10 mg, администрирана парентерално, една недела пред започнување на терапијата со цел детекција на идиосинкрастични несакани ефекти; потоа се започнува со доза од 7,5mg неделно, администрирана супкутано, интрамускулно или интравенски, до максимална неделна доза од 25mg. 
  • Хиперсензитивност кон methotrexate
  • Тешки акутни и хронични инфекции како туберкулоза или СИДА; 
  • Стоматитис, гастроинтестинални улцерации; 
  • Хепатално заболување; 
  • Хепатална инсуфициенција; 
  • Тешка ренална инсуфициенција; 
  • Хематолошки нарушувања - хипоплазија на коскената срцевина, леукопенија, тромбоцитопенија или сигнификантна анемија; 
  • Имунодефициенција; 
  • Зголемена консумација на алкохол; 
  • Претходно-постоечко хематолошко нарушување; 
  • Лактација; 
  • Бременост; 
  • Истовремена употреба на живи вакцини.
Азотен оксид
  • Истовремената употреба на methotrexate со азотен оксид може да го зголеми ризикот од појава на тешка и непредвидлива миелосупресија, стоматитис и невротоксичност при интратекална администрација на methotrexate.
L-аспарагиназа
  • Истовремената употреба на methotrexate со L-аспарагиназа може да резултира со манифестација на антагонистички ефект на methotrexate.
НСАИЛи и антиревматски лекови кои ја модифицираат болеста
  • Истовремената употреба на methotrexate со НСАИЛи може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на methotrexate и пролонгирање на неговиот полупериод на елиминација, што најчесто завршува со фатален исход поради тешката хематолошка супресија и гастроинтестиналната токсичност.
Инхибитори на протонска пумпа
  • Истовремената употреба на methotrexate со инхибитори на протонска пумпа може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на methotrexate и потенцирање на неговите токсични ефекти.
Хепатотоксични лекови
  • Истовремената употреба на methotrexate со хепатотоксични лекови како азатиоприн, лефлуномид, ретиноиди и сулфасалазин може да го зголеми ризикот од појава на хепатотоксичност. 
Лекови кои ја зголемуваат биорасположливоста на methotrexate
  • Амидопиридински деривати; 
  • Пара-аминобензоева киселина; 
  • Барбитурати; 
  • Доксорубицин; 
  • Орални контрацептиви; 
  • Фенилбутазон; 
  • Фенитоин; 
  • Пробенецид; 
  • Салицилати; 
  • Сулфонамиди; 
  • Тетрациклини; 
  • Транквилизатори; 
  • Сулфанилуреа; 
  • Хлорамфеникол.
Триметоприм + сулфаметоксазол (котримоксазол)
  • Истовремената употреба на methotrexate со триметоприм + сулфаметоксазол може да го зголеми ризикот од појава на токсични ефекти на methotrexate.
Теофилин
  • Истовремената употреба на methotrexate со теофилин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на теофилин.
Лефлуномид
  • Истовремената употреба на methotrexate со лефлуномид може да го зголеми ризикот од појава на панцитопенија.
Меркаптопурин
  • Истовремената употреба на methotrexate со меркаптопурин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на меркаптопурин.
Триамтерен
  • Истовремената употреба на methotrexate со триамтерен може да го зголеми ризикот од појава на миелосупресија и намалени серумски нивоа на фолати.
Амиодарон
  • Истовремената употреба на methotrexate со амиодарон кај пациенти со псоријаза може да го зголеми ризикот од појава на улцерирачки кожни лезии.
Радиотерапија
  • Истовремената употреба на methotrexate со радиотерапија може да го зголеми ризикот од појава на меко-ткивна или коскена некроза.
Кортикостероиди
  • Истовремената употреба на methotrexate со кортикостероиди може да го зголеми ризикот од појава на дисеминиран херпес зостер. 
Алкохол
  • Истовремената употреба на methotrexate со алкохол може да го зголеми ризикот од појава на хепатотоксични ефекти.
Фенитоин
  • Истовремената употреба на methotrexate со фенитоин може да резултира со намалување на плазматската концентрација на фенитоин.
Прокарбазин
  • Истовремената употреба на methotrexate со прокарбазин може да го зголеми ризикот од појава на ренална токсичност.
Цитарабин
  • Истовремената употреба на methotrexate со интравенски цитарабин може да го зголеми ризикот од појава на сериозна невролошка токсичност, во опсег од главоболка до парализа, кома и епизоди слични на мозочен удар.
Живи вакцини
  • Истовремената употреба на methotrexate со живи вакцини може да предизвика дополнителна имуносупресија.
Орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на methotrexate со орални антикоагуланси може да резултира со пролонгирање на протромбинското време и да го зголеми ризикот од појава на хеморагија.

Нема влијание. 

Употребата на methotrexate за време на бременост и доење е контраиндицирана.

Methotrexate има негативно влијание врз сперматогенезата и оогенезата.

Помалку чести
  • Пирексија, локални реакции на местото на инјектирање (формирање на стерилен апсцес и деструкција на масното ткиво), вагинални улцерации и инфламација, фетални малформации, нафропатија, ренална инсуфициенција, циститис со улцерации, дисурија, анурија или олигурија, артралгија, мијалгија, остеопороза, херпетиформни кожни ерупции, Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, уртикарија, кожна хиперпигментација, нодулоза, болна ерозија на псоријатичните плаки, нарушено заздравување на раните, хепатотоксичност, хепатална стеатоза, хронична хепатална цироза и фиброза, хипоалбуминемија, гастроинтестинални улцерации и хеморагија, панкреатитис, пулмонарна фиброза, плеврална ефузија, васкулитис, алергиски васкулитис, хемипареза, конфузија, конвулзии, леукоенцефалопатија, депресија, дијабетес мелитус, алергиски реакции, анафилактичен шок. имуносупресија, малигни лимфоми, опортунистички инфекции со фатален исход.
Непознато
  • Пневмонија, реактивација на хепатитис В инфекција, егзацербација на хепатитис С инфекција, невротоксичност, арахноидитис, параплегија, ступор, атаксија, деменција, зголемен притисок во интракранијалната течност, градна болка, хипоксија, хепатална алвеоларна хеморагија, не-инфективен перитонитис, токсичен мегаколон, перфорација на колонот, глоситис, реакција на лекот со еозинофилија и системски симптоми, ексфолијација на кожата / ексфолијативен дерматитис, остеонекроза на зглобот на вилицата, урогенитална дисфункција, некроза на местото на инјектирање, едем.
Многу ретки
  • Нарушена оогенеза / сперматогенеза, инфертилност, неправилни менструални циклуси, намалено либидо, импотенција, гинекомастија, вагинален исцедок, фетална смрт, хематурија, протеинурија, фурункулоза, телеангиектазија, акутна паронихија, акутна хепатална некроза, акутна хепатална деградација, хепатална инсуфициенција, хематемеза, хронична интерстицијална опструктивна пулмонарна болест, кашлица, диспнеа, патолошки промени на пулмонарните тестови, перикардитис, перикардијална ефузија, парикардијална тампонада, периорбитален едем, блефаритис, епифора и фотофобија, транзиторно слепило, губење на видот, мускулен замор и болка во екстремитетите, дисгеузија, акутен асептичен менингитис, кранијален нервен синдром, парестезија / хипоестезија, хипогамаглобулинемија, апластична анемија, еозинофилија, неутропенија, лимфаденопатија, лимфопролиферативни нарушувања, синдром на туморска лиза, херпес симплекс хепатитис, криптококоза, хистоплазмоза, цитомегаловирусна инфекција, дисеминиран херпес симплекс, нокардиоза, Рneumocystis jirovecii пневмонија.
Многу чести
  • Леукопенија, тромбоцитопенија, главоболка, зашеметеност, кашлица, намален апетит, дијареа, абдоминална болка, мачнина, вомитус, инфламација и улцерација на мукозните мембрани на устата и грлото, хипербилирубинемија, зголемување на серумските нивоа на хепаталните ензими, алопеција, намален креатинин клиренс, изнемоштеност, астенија.
Чести
  • Херпес зостер, анемија, панцитопенија, агранулоцитоза, супресија на коскената срцевина, парестезија, зашеметеност, конјунктивитис, пулмонарни компликации поради интерстицијален алвеолитис или пневмонија со можен фатален исход, егзантем, пруритус, фотосензитивност, кожни улцерации.
Ретки
  • Сепса со фатален исход, мегалобластична анемија, промени во расположението, транзиторни перцепциони нарушувања, пареза, дизартрија, афазија, миелопатија, визуелни нарушувања, тешка ретинална венска тромбоза, хипотензија, тромбоемболиски настани (артериска и церебрална тромбоза, тромбофлебитис, длабока венска тромбоза), фарингитис, респираторна парализа, пулмонарна емболија, ентеритис, гингивитис, мелена, акутен хепатитис, акни, петехии, екхимози, еритема мултиформе, еритематозен кожен осип, онихолиза, стрес фрактури, хиперурикемија, азотемија, зголемен серумски креатинин, абортус, транзиторна олигоспермија.
Симптоми
  • Леукопенија, тромбоцитопенија, анемија, панцитопенија, неутропенија, депресија на коскената срцевина, мукозитис, стоматитис, орални улцерации, наузеа, вомитус, гастроинтестинална улцерација и гастроинтестинална хеморагија, церебрална хернијација со зголемен интракранијален притисок. 
Третман
  • Интравенска или интрамускулна администрација на калциум фолинат во доза од 6 - 12 mg, на секои 3 - 6 часа; 
  • Хидратација и алкализација на урината;
  • Хемодијализа или хемоперфузија.

Поради можност од појава на замор или вертиго, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L01BA01
Генерично име:methotrexate
Латинично име:Methotrexate solution for injection or infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:50mg / 5mL раствор за инјектирање или инфузија
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:EBEWE Pharma Ges.m.b.H. Nfg.KG, Унтерах, Австрија, Fareva Unterach GmbH , Унтерах, Австрија