Малигни трофобластни тумори (хидатиформна мола, хорионепителом)
- Применливо како монотерапија или во комбинација со други цитостатици, кај жени со поволна или неповолна прогноза.
Карцином на дојка
- ПРименливо во комбинација со други цитостатици после ресекција на туморот или мастектомија, како и за палијативен третман кај напреден стадиум.
Карцином на главата и вратот
- Применливо во облик на палијативна монотерапија кај метастатски стадиум или во случај на релапс.
Не-Хочкинсов лимфом
- Применливо во комбинација со други цитостатици, за третман на интермедиерен малигнитет или малигнитет со висок степен;
- Не-Хочкинсов лимфом кој е примарно локализиран во централниот нервен систем, пред радиотерапија.
Акутна лимфобластна леукемија
- Применливо во комбинација со други цитостатици, за ремисиона одржувачка терапија и за профилакса и третман на леукемичен менингитис.
Активен ревматоиден артритис
Полиартритични форми на тежок активен јувенилен идиопатски артритис
Тешка тераписки-рефракторна онеспособувачка псоријаза
Methotrexate врши инхибиција на ензимите кои се вклучени во нуклеотидната синтеза, вклучително дихидрофолат редуктаза, тимидилат синтетаза, аминоимидазол карбоксамид рибонуклеотид трансформилаза и амидофосфорибозилтрансфераза. Со инхибиција на синтезата на нуклеотидите се спречува клеточната делба.
Конвенционална терапија со methotrexateПрепорачани дозни режими на methotrexate се:
- 15 - 20 mg/m2, администрирана интравенски, двапати неделно:
- 30 - 50 mg/m2, администрирана интравенски, еднаш неделно;
- 15 mg/m2 дневно, администрирана интравенски или интрамускулно, во тек на 5 последователни денови.
Секој од овие дозни режими се повторува на секои 2 - 3 недели.
Средно-високодозажна терапија со methotrexate
- 50 - 150 mg/m2, администрирана во облик на интравенска инјекција, без заштита со калциум фолинат, на секои 2 - 3 недели;
- 240 mg/m2, администрирана во облик на интравенска инфузија во период од 24 часа, со заштита со калциум фолинат, на секои 4 - 7 дена;
- 0,5 - 1,0 mg/m2, администрирана во облик на интравенска инфузија во тек на 36 - 42 часа, со заштита со калциум фолинат, на секои 2 - 3 недели.
Високо-дозажна терапија со methotrexate Не-Хочкинсов лимфом примарно локализиран во CNS
- Препорачана доза на methotrexate e 1500 - 4000 mg/m2, администрирана интравенски како еднократна доза, во тек на повеќе циклуси на монотерапија или во комбинација со радиотерапија и/или интратекална администрација со други хемотерапевтски лекови.
Акyтнa лимфобластна леукемија
- Еднократна доза од 1500 mg/m2 како дел од комбинирана терапија кај возрасни пациенти;
- Еднократна доза од 1000 - 5000 mg/m2 како дел од комбинирана терапија кај деца и адолесценти.
Системска (интравенска и интрамускулна) администрација на methotrexate
- Еднократна доза под 100 mg/m2 (нискодозажен режим);
- Еднократна доза помеѓу 100 - 1000 mg/m2 (високодозажен режим).
Maлигни трофобластни тумори (хидатиформна мола, хорионепителом)
- Женски пациенти со низок ризик со добра прогноза - монотерапија во доза од 0,4 mg/kg телесна тежина, администрирана интрамускулно во деновите од 1 - 5, се повторува после 7 дена пауза; алтернативно се применува доза од 0,25 - 1 mg/kg телесна тежина, администрирана интрамускулно, во деновите 1, 3, 5 и 7, која се повторува после 7 дена пауза;
- Женски пациенти со висок ризик со лоша прогноза - 300 mg/m2, администрирана интравенски, како дел од комбинирана терапија.
Kapцином на дојка
- 40 mg/m2 телесна површина, администрирана интравенски на деновите 1 и 8, во комбинација со циклофосфамид и аналози на флуороурацил.
Карцином на главата и регијата на вратот
- 40 - 60 mg/m2, администрирана интравенски, еднаш неделно како монотерапија.
He-Хочкинсов лимфом
- Еднократна доза од 120 mg/m2, во рамки на комбинирана терапија.
Aкутна лимфоцитна леукемијa
- За одржување на ремисија како дел од комплексниот терапевтски протокол - еднократна доза од 20 - 40 mg/m2.
Интратекална администрација на methotrexate
- Деца на возраст < 3 месеци - 3mg;
- Деца на возраст од 4 - 11 месеци - 6mg;
- Деца на возраст од 1 годиниа - 8mg;
- Деца на возраст од 2 години - 10mg;
- Деца на возраст од 3 - 8 години - 12mg;
- Деца на возраст над 8 години - 12 - 15 mg.
Peвматоиден артритис
- Препорачана почетна доза на methotrexate e 7,5mg, администрирана еднаш неделно, во облик на супкутана, интрамускулна или интравенска инјекција, со можност за постепено зголемување на дозата за 2,5mg неделно, до максимална неделна доза од 25mg.
Полиартритични форми на јувенилен идиопатски артритис
- Препорачана доза на methotrexate e 10 - 15 mg/m2 неделно, со можност за зголемување на дозата до 20 mg/m2 неделно.
Псоријаза и псоријатичен артритис
- Препорачана доза на methotrexate e 5 - 10 mg, администрирана парентерално, една недела пред започнување на терапијата со цел детекција на идиосинкрастични несакани ефекти; потоа се започнува со доза од 7,5mg неделно, администрирана супкутано, интрамускулно или интравенски, до максимална неделна доза од 25mg.
Употребата на methotrexate за време на бременост и доење е контраиндицирана.
Methotrexate има негативно влијание врз сперматогенезата и оогенезата.
Поради можност од појава на замор или вертиго, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.