Симптоматска анемија поврзана со хронична ренална инсуфициенција кај возрасни пациенти
Симптоматска анемија кај возрасни пациенти со немиелоидна малигна болест кои примаат хемотерапија
Epoetin theta има слична аминокиселинска секвенца и по својот состав е сличен на хуманиот ендоген еритропоетин. Eритропоетин претставува гликопротеински хормон, кој е примарен модулатор на еритропоезата преку специфично врзување на рецепторот за еритропоетин кој се наоѓа на еритроидните прогениторни клетки во коскената срцевина.
Во случај на манифестација на полицитемија, потребно е да се прекине со терапија и да се примени флеботомија за намалување на хемоглобинските концентрации.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување