Секретолитна терапија при акутни и хронични бронхопулмонарни заболувања, кај кои е потребно намалување на вискозноста на бронхијалниот секрет и олеснување на искашлувањето кај возрасни лица
Acetylcysteine е дериват на аминокиселината цистеин, кој делува секретолитички и секретомоторно на ниво на бронхијалните патишта, преку механизам на раскинување на дисулфидните врски помеѓу мукополисахаридните ланци од страна на сулфхидрилните групи на acetylcysteine и деполимеризација на ланците на DNA во пурулентниот мукус. Како резултат на овој механизам, вискозноста на слузта се намалува. Дополнително, acetylcysteine може да ја намали секрецијата на мукусот на ниво на бронхијалните патишта.
Една ќесичка acetylcysteine прашок за перорална употреба еднаш дневно, што одговара на 600mg acetylcysteine.
Acetylcysteine пероралниот прашок од една кесичка треба да се истресе директно на јазикот. Прашокот стимулира секреција на плунка и може лесно да се проголта. Пероралниот прашок не смее да се џвака пред да се проголта.
Acetylcysteine пероралниот прашок може да се употреби без вода.
Посебни популацииПостари пациенти (≥ 65 години)
- Пациенти со намален рефлекс за кашлање (постари и изнемоштени пациенти) треба, доколку е возможно, да го земаат пероралниот прашок наутро.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.