Лек: АЦЦ 200

  • ATC код:R05CB01
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:200mg шумливи таблети (20 шумливи таблети во PP туба со PE капаче/кутија)
Секретолитна терапија при акутни и хронични бронхопулмонарни заболувања, пропратени со преголема продукција на густ и вискозен секрет

Acetylcysteine е дериват на аминокиселината цистеин, кој делува секретолитички и секретомоторно на ниво на бронхијалните патишта, преку механизам на раскинување на дисулфидните врски помеѓу мукополисахаридните ланци од страна на сулфхидрилните групи на acetylcysteine и деполимеризација на ланците на DNA во пурулентниот мукус. Како резултат на овој механизам, вискозноста на слузта се намалува. Дополнително, acetylcysteine може да ја намали секрецијата на мукусот на ниво на бронхијалните патишта.

Acetylcysteine шумливите таблети се земаат растворени во чаша вода, по оброк.

Времетраењето на терапијата зависи од типот и сериозноста на болеста. Во случај на хроничен бронхитис и муковисцидоза (цистична фиброза), лекувањето треба да се спроведува подолг временски период, сé до излекување на болеста.

Посебни популации
Возрасни и адолесценти на возраст над 14 години
  • Една шумлива таблета, 2 – 3 пати дневно, што одговара на 400mg acetylcysteine на ден.
Деца и адолесценти на возраст од 6 – 14 години
  • Една шумлива таблета, двапати на ден, што одговара на 400mg acetylcysteine на ден.
Деца на возраст од 2 – 5 години
  • ½ шумлива таблета, 2 – 3 пати на ден, што одговара на 200 – 300mg acetylcysteine на ден.
Дозирање при муковисцидоза (цистична фиброза)
Деца на возраст над 6 години
  • Една шумлива таблета, трипати на ден, што одговара на 600mg acetylcysteine на ден.
Деца на возраст од 2 – 6 години
  • ½ шумлива таблета, 4 пати на ден, што одговара на 400mg acetylcysteine на ден.
  • Хиперсензитивност кон acetylcysteine;
  • Acetylcysteine шумливите таблети се контраиндицирани кај деца помали од 2 години.
Антитусици
  • Комбинирана употреба на acetylcysteine со антитусици може да резултира со опасна секреторна конгестија поради супресија на рефлексот за кашлање. Употребата на оваа комбинирана терапија мора да биде внимателно индицирана.
Тетрациклин хидрохлорид
  • Тетрациклин хидрохлорид мора да се администрира одвоено од acetylcysteine, најмалку во интервал од 2 часа.
Нитроглицерин
  • Истовремената употреба на acetylcysteine и нитроглицерин може да резултира со подобрување на ефектот на вазодилатација и инхибиција на агрегација на тромбоцитите.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на acetylcysteine за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапијата со acetylcysteine.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Главоболка, треска, алергиски реакции (пруритус, уртикарија, егзантема, кожен раш, бронхоспазам, ангиоедем, тахикардија и хипотензија), тинитус, стоматитис, абдоминална болка, наузеа, повраќање, дијареа.
Ретки
  • Диспнеа, бронхоспазам (доминантен кај пациенти со хиперактивен бронхијален систем, на пример, при постоење на бронхијална астма).
Многу ретки
  • Анафилактички реакции кои резултираат со шок.
Непознато

/

Симптоми
  • Предозирањето со acetylcysteine може да доведе до појава на гастроинтестинални симптоми, како шо се гадење, повраќање и дијареа. Кај мали деца постои ризик од хиперсекреција.
Третман
  • По потреба се спроведува симптоматска терапија.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:R05CB01
Генерично име:acetylcysteine
Латинично име:Acetylcysteine effervescent tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:200mg шумливи таблети (20 шумливи таблети во PP туба со PE капаче/кутија)
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:SALUTAS Pharma GmbH, Барлебен, Германија, SALUTAS Pharma GmbH, Остервединген, Германија