Третман на инфекции на кожата предизвикани од вирусот херпес симплекс, вклучувајќи иницијален и рекурентен генитален и лабијален херпес
Acyclovir е антивирусен лек, инхибитор на DNA-синтезата, кој делува преку механизам на инхибиција на вирусната репликација, интерферирајќи со дејството на DNA-полимеразата. Инхибицијата на синтезата на вирусната DNA се одвива преку механизам кој зависи од интеракцијата со два различни вирусни протеини: HSV-тимидин киназа и DNA-полимераза. Клеточното преземање и почетната фосфорилација се олеснети со помош на вирусната тимидин киназа. Клеточните ензими го конвертираат монофосфатот во ацикловир трифосфат, кој компетитивно ги инхибира вирусните DNA-полимерази. Ацикловир трифосфатот, инкорпориран во вирусната DNA делува како прекинувач на ланецот; прекинатиот примерок на DNA кој содржи acyclovir се врзува со вирусната DNA-полимераза преку механизам наречен суицидна инактивација и доведува до иреверзибилна инактивација.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.