Acyclovir е антивирусен лек, инхибитор на DNA-синтезата, кој делува преку механизам на инхибиција на вирусната репликација, интерферирајќи со дејството на DNA-полимеразата. Инхибицијата на синтезата на вирусната DNA се одвива преку механизам кој зависи од интеракцијата со два различни вирусни протеини: HSV-тимидин киназа и DNA-полимераза. Клеточното преземање и почетната фосфорилација се олеснети со помош на вирусната тимидин киназа. Клеточните ензими го конвертираат монофосфатот во ацикловир трифосфат, кој компетитивно ги инхибира вирусните DNA-полимерази. Ацикловир трифосфатот, инкорпориран во вирусната DNA делува како прекинувач на ланецот; прекинатиот примерок на DNA кој содржи acyclovir се врзува со вирусната DNA-полимераза преку механизам наречен суицидна инактивација и доведува до иреверзибилна инактивација.
За време на употребата на acyclovir стапчето за усни не треба да се употребува друг вид на производ за нега на кожа (шминка, крем за сончање, путер од какао) или лекови за третирање на херпес.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.