Лек: АДРЕНАЛИН HCL 1: 1000

  • ATC код:C01CA24
  • Компанија:СЕПТИМА дооел
  • Доза:1mg/mL раствор за инјекции / инфузии
Третман на акутни алергиски реакции и примена кај пациенти со анафилактичен шок

Adrenaline претставува природен катехоламин, симпатомиметички амин кој е потентен стимуланс на α- и β-адренергичните рецептори. Adrenaline има силно изразено вазоконстрикторно дејство преку α-адренергична стимулација. Преку дејство врз α-адренергичните рецептори, adrenaline инхибира вазодилатација и ја намалува васкуларната пропустливост кои се јавуваат при анафилактичен шок. Adrenaline ги стимулира бронхијалните β-адренергични рецептори и има моќно бронходилататорно дејство.

Adrenaline растворот за инјектирање се аплицира интрамускулно, во доза од 0,01mg/kg телесна тежина.

Табела 1. Доза на интрамускулна инјекција на adrenaline за силни анафилактички реакции

Возраст

Доза

Волумен на adrenaline (1mg/mL)

Под 6-месечна возраст

0,01mg/kg i.m.

0,01 mL/kg

6 месеци – 6 години

0,15mg i.m.

0,15 mL

Деца од 6 – 12 години

0,3mg i.m.

0,3 mL

Деца > 12 години

0,5mg i.m.

0,5 mL

Возрасни

0,5mg i.m.

0,5 mL

По потреба, овие дози може да се повторуваат неколкупати на 5 – 15 минутни интервали, во зависност од крвниот притисок, пулсот и респираторната функција.

 
  • Хиперсензитивност кон adrenaline;
  • Adrenaline растворот за инјектирање / инфундирање не се администрира во екстремитети (прсти на рацете, прсти на нозете, уши, нос, гениталии) поради ризик од исхемична некроза на ткивата.
Симпатомиметици
  • Не се препорачува истовремена употреба на adrenaline со лекови од групата на симпатомиметици поради можност од дополнителни ефекти и зголемена токсичност.
α-адренергични агенси (ергот-алкалоиди, окситоцин)
  • Вазоконстрикција и пресорен ефект од adrenaline, посредувани од страна на неговата α-адренергична активност можат да бидат зголемени со истовремена употреба на лекови со слични ефекти, како што се ергот-алкалоидите и/или окситоцин. 
α-адренергични блокатори (фентоламин)
  • α-адренергичните блокатори, како што е фентоламинот ја антагонизираат вазоконстрикцијата и хипертензијата на адреналинот; овој ефект може да биде од корист при предозирање со adrenaline. Аdrenaline го менува антихипертензивниот ефект на адренергичните невронски блокатори, како што е гванетидинот, што е проследено со ризик од тешка хипертензија. 
β-адренергични блокатори (пропранолол)
  • Истовремената употреба на adrenaline со пропранолол може да резултира со тешка хипертензија и рефлексна брадикардија. β-блокаторите, особено не-кардиоселективните агенси, ги антагонизираат срцевите и бронходилататорните ефекти на adrenaline.
Општи анестетици
  • Истовремената администрација на adrenaline со лекови од групата на општи анестетици со халогениран јаглерод, кои воедно ја зголемуваат срцевата раздразливост и го сензибилизираат миокардот на adrenaline може да резултира со аритмии, вклучувајќи вентрикуларни предвремени контракции, тахикардија или фибрилација. 
Антихипертензивни лекови
  • Аdrenaline го зголемува крвниот притисок и може да го антагонизира ефектот на антихипертензивните лекови. 
Трициклични антидепресиви (имипрамин)
  • Трицикличните антидепресиви како што е имипраминот ја инхибираат реапсорпцијата на директно-дејствувачките симпатомиметици и може да го потенцира ефектот на adrenaline, зголемувајќи го ризикот од појава на хипертензија и срцеви аритмии.
Фенотијазини
  • Фенотијазините ги блокираат α-адренергичните рецептори. Adrenaline не треба да се користи за да се отстрани циркулаторен колапс или хипотензија предизвикана од фенотијазини – пресврт на пресорните ефекти на adrenaline може да резултира со понатамошно намалување на крвниот притисок.
Кардијални гликозиди
  • Аdrenaline не треба да се користи истовремено со лекови кои го сензибилизираат срцето кон аритмии, како што се кардијалните гликозиди.
Дифенхидрамин и тироидни хормони
  • Дифенхидраминот и тироидните хормони можат да го потенцираат ефектот на adrenaline
Леводопа
  • Аdrenaline го потенцира ризикот од појава на срцеви несакани ефекти на леводопа. 
Лекови кои предизвикуваат губење на калиум (кортикостероиди, диуретици, аминофилин, теофилин)
  • Ефектот на хипокалиемија од adrenaline може да биде потенциран од лекови кои предизвикуваат губење на калиум, како што се кортикостероиди, диуретици, аминофилин и теофилин. 
Хипергликемија
  • Аdrenaline-индуцираната хипергликемија може да доведе до губење на контролата на нивото на глукозата во крвта кај пациенти со дијабетес мелитус, третирани со инсулин или орални антихипергликемични агенси.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на adrenaline растворот за инјектирање за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на третман со adrenaline растворот за инјектирање.

Нема податоци.

Несаканите ефекти кои се јавуваат по употребата на adrenaline растворот за инјектирање не може да се класифицираат според фреквенција.

Нарушувања на имунолошкиот систем

  • Анафилакса со тежок бронхоспазам.

Нарушувања на метаболизмот и исхраната

  • Хипокалемија, метаболна ацидоза;
  • Инхибиција на секреција на инсулин и хипергликемија.

Психијатриски нарушувања

  • Психотични состојби, вознемиреност, страв, збунетост, раздразливост, несоница, немир.

Нарушувања на нервниот систем

  • Главоболка, вртоглавица, тремор;
  • Кај пациенти со Паркинсонов синдром, adrenaline ги зголемува ригидноста и треморот;
  • Субарахноидална хеморагија и хемиплегија резултираат од хипертензија, дури и при поткожна администрација на вообичаените дози на adrenaline.

Срцеви нарушувања

  • Нарушувањето на срцевиот ритам и пулс може да резултира со палпитации и тахикардија. Adrenaline може да предизвика потенцијално фатални вентрикуларни аритмии, вклучувајќи фибрилација, особено кај пациенти со органски заболувања на срцето или оние кои примаат други лекови кои го сензибилизираат срцето кон аритмии. Миокардна исхемија и инфаркт на миокардот се забележани;
  • Adrenaline предизвикува EKG-промени, вклучувајќи намалување на амплитудата на Т-бранот. Во ретки случаи стрес-кардиомиопатија е забележана кај пациенти третирани со adrenaline.

Васкуларни пореметувања

  • Хипертензија (со ризик од церебрална хеморагија);
  • Студенилото на екстремитетите може да се забележи дури и при мала доза на adrenaline;
  • Некроза на дебелото црево.

Респираторни нарушувања

  • Отежнато дишење;
  • Пулмонален едем може да се забележи по прекумерни дози или случаи на екстремна чувствителност.

Гастроинтестинални нарушувања

  • Сува уста, намален апетит, наузеа, повраќање, хиперсаливација.

Ренални и уринарни нарушувања

  • Тешкотии во мокрење, уринарна ретенција.

Општи нарушувања и состојба на местото на апликација

  • Потење, слабост, бледило;
  • Чести инјекции на adrenaline може да предизвикаат некроза како резултат на васкуларна констрикција на местото на инјектирање. Некроза на ткивото може да се појави и во екстремитетите, бубрезите и црниот дроб.
Симптоми
  • По предозирање или ненамерна интравенска администрација на вообичаените интрамускулни и поткожни дози на adrenaline, систолниот и дијастолниот крвен притисок ненадејно се зголемуваат; венскиот притисок исто така, се зголемува. Цереброваскуларни или други хеморагии и хемиплегија може да се појават, особено кај постари пациенти. Може да се појави и белодробен едем;
  • Предозирањето со adrenaline предизвикува минлива брадикардија проследена со тахикардија и може да предизвика потенцијално фатална срцева аритмија. Може да се појават проблеми со бубрезите, метаболна ацидоза и ладно бела кожа.
Третман
  • Пресорните ефекти на adrenaline може да се спротивстават од непосредна интравенска инјекција на брзо-дејствувачки α-адренорецепторни блокирачки агенси, како што е на пример фентоламин мезилат, администриран во доза од 5 – 10mg, проследено со администрација на β-адренергичен блокатор, како што е пропранололот, администриран во доза од 2,5mg.

Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C01CA24
Генерично име:adrenaline
Латинично име:Adrenaline solution for injection and infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1mg/mL раствор за инјекции / инфузии
Производител:СЕПТИМА дооел
Носител на одобрение:Jugoremedija ad., Зрењанин, Србија