Eсенцијална хипертензија.
Препорачаната доза на amlodipine, valsartan е една таблета дневно.
Доза на amlodpine, valsartan од 5mg / 80mg се администрира кај пациенти чиј крвен притисок не е соодветно контролиран со доза на amlodipine од 5mg или доза на valsartan од 80mg, администрирани поединечно.
Доза на amlodpine, valsartan од 5mg / 160mg се администрира кај пациенти чиј крвен притисок не е соодветно контролиран со доза на amlodipine од 5mg или доза на valsartan од 160mg, администрирани поединечно.
Доза на amlodpine, valsartan од 10mg / 160mg се администрира кај пациенти чиј крвен притисок не е соодветно контролиран со доза на amlodipine од 10mg или доза на valsartan од 160mg, администрирани поединечно.
Посебни популацииПациенти со ренално оштетување
- Не се препорачува употреба на amlodipine, valsartan кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 30 mL/min);
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување.
Постари пациенти
- Потребно е прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на amlodipine, valsartan кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не се препорачува употреба на amlodipine, valsartan кај пациенти со тешко хепатално оштетување;
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување.
Поради можност од појава на вртоглавица или истоштеност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.