ATC код: | M02AX |
Генерично име: | Other topical products for joint and muscular pain |
Индикации: | за болки во мускули и зглобови |
Дозирана форма: | емулзија |
Јачина: | / |
Составни компоненти: | Acidi oleici - 85 mL
Olei terebinthinae - 250 mL
Solutionis ammoniae dilutae - 45 mL
Ammonii chloridi - 12.5 g
Aquae purificatae - 625 mL |
Постапка за подготовка: | Пресметајте ја потребната количина на секоја состојка за вкупната количина што треба да ја подготвите. Внимателно и прецизно измерете ја или одвагајте ја секоја состојка.
Маслиновото масло се меша со маслото од теребентин. Дилуираниот амонијачен раствор се разредува со 45 mL од претходно загреаната вода, па се додава во маслениот раствор и се меша за да се формира емулзија. Одделно се раствора амониум хлоридот во преостанатата вода, се додава во емулзијата и се меша. |
Пакување: | Во добро затворен контејнер заштитетно од светлина. |
Чување: | На собна температура |
Рок на употреба: | најмногу 30 дена |
Забелешки: | Наведениот рок на употреба е во согласност со препораките наведени во USP 〈795〉 Pharmaceutical Compounding—Nonsterile Preparations и истите се препорачуваат во отсуство на информации за стабилност кои се применливи за одредена активна супстанција или препарат. Рокот на употреба не треба да биде подоцна од датумот на рокот на траење наведен на контејнерот на која било компонента. |
Контрола на квалитет: | Хомогена емулзија.
Дополнително содржина на активна супстанција, реолошки својства, органолептички особини и физичка стабилност (промена на бојата, туѓи материјали, формирање гас, раст на мувла) се примери за проценки за контрола на квалитетот. |
Сигнатура (означување): | Сигнатурата треба да ги содржи следните информации, соодветно:
- Име, адреса и телефонски број на аптеката што го издава лекот;
- Име и адреса на аптеката што го подготвува лекот;
- Име на препаратот, доколку е применливо;
- Целосен квалитативен состав и количината на активната супстанција;
- Број на серија, доколку е применливо;
- Рок на употреба или информации за ограничувањата за употреба;
- Посебни услови за складирање или мерки на претпазливост при ракување;
- Упатства за употреба, предупредувања и мерки на претпазливост;
- Начин на администрација.
|
Референци: | British pharmacopeia 2009, pp 9304 |