Лек: Едноставен сируп (Sirupus simplex) BP

ATC код:X
Генерично име:без ATC код
Индикации:/
Дозирана форма:сируп
Јачина:/
Составни компоненти:

Sucrose – 667 g

Aqua destilata – q.s. 1000 g

Може да се додадат еден или повеќе соодветни антимикробни конзерванси.

Постапка за подготовка:

Пресметајте ја потребната количина на секоја состојка за вкупната количина што треба да ја подготвите. Внимателно и прецизно измерете ја или одвагајте ја секоја состојка.

 

Сахарозата и водата се загреваат заедно се додека таа се раствори, а потоа се додадава доволно зовриена прочистена вода за да се добие 1000 грама.

Пакување:Во добро затворен контејнер.
Чување:На температура до 25 C
Рок на употреба:најмногу 14 дена
Забелешки:

Наведениот рок на употреба е во согласност со препораките  наведени во USP 〈795〉 Pharmaceutical Compounding—Nonsterile Preparations и истите се препорачуваат во отсуство на информации за стабилност кои се применливи за одредена активна супстанција или препарат. Рокот на употреба не треба да биде подоцна од датумот на рокот на траење наведен на контејнерот на која било компонента.

Контрола на квалитет:

Безбоен до бледо жолт густвискозен сируп.

Дополнително содржина на активна супстанција, реолошки својства, органолептички особини и физичка стабилност (промена на бојата, туѓи материјали, формирање гас, раст на мувла) се примери за проценки за контрола на квалитетот.

Сигнатура (означување):

Сигнатурата треба да ги содржи следните информации, соодветно:

  • Име, адреса и телефонски број на аптеката што го издава лекот;
  • Име и адреса на аптеката што го подготвува лекот;
  • Име на препаратот, доколку е применливо;
  • Целосен квалитативен состав и количината на активната супстанција;
  • Број на серија, доколку е применливо; 
  • Рок на употреба или информации за ограничувањата за употреба;
  • Посебни услови за складирање или мерки на претпазливост при ракување;
  • Упатства за употреба, предупредувања и мерки на претпазливост;
  • Начин на администрација.
Референци:

British pharmacopeia 2009, pp 10099