Лек: Eмолиентен и заштитен крем со бадемово масло (Колд крем)

ATC код:D02AC
Генерично име:Soft paraffin and fat products
Индикации:емолиенс
Дозирана форма:крем
Јачина:/
Составни компоненти:

Cetylis palmitas – 16.0 g

Cera alba – 8.0 g

Oleum amygdalae raffinatum – 55.0 g

Tinctura benzoici – 4.0 g

Borax – 0.5 g

Aqua Rosae aromatica – 16.5 g

Постапка за подготовка:

Пресметајте ја потребната количина на секоја состојка за вкупната количина што треба да ја подготвите. Внимателно и прецизно измерете ја или одвагајте ја секоја состојка.

 

Во текот на подготвката треба да се внимава да не се  загрева на температура поголема од 50 °C.

Со загревање на водена бања на 50 °C во соодветен сад се топат цетил палмитатот и белиот пчелин восок заедно со бадемовото масло.  Сместа се истура во загреан аван на соодветна температура, а потоа  се меша со пистил кој е загреан на иста температура.

Бораксот се раствара во ароматичната вода, по што во овој раствор се додава бензоевата тинктура. Откако хомогено ќе се измеша се филтрира. Овој раствор постепено во мали порции со континуирано мешање се додава на масната фаза. Мешањето е потребно да биде енргично и со истото се продлжува се додека да се добие хомогена маса.

Пакување:Во добро затворен контејнер.
Чување:На собна температура.
Рок на употреба:најмногу 30 дена
Забелешки:

Препаратот е контраиндициран кај деца под 3 години.

 

Наведениот рок на употреба е во согласност со препораките  наведени во USP 〈795〉 Pharmaceutical Compounding—Nonsterile Preparations и истите се препорачуваат во отсуство на информации за стабилност кои се применливи за одредена активна супстанција или препарат. Рокот на употреба не треба да биде подоцна од датумот на рокот на траење наведен на контејнерот на која било компонента.

 

Контрола на квалитет:

Препаратот е  масен крем со бела боја, хомоген изглед и карактеристичен мирис на бензоин и роза. Не се разредува и меша со вода.

Дополнително реолошки својства, органолептички особини и физичка стабилност (промена на бојата, туѓи материјали, формирање гас, раст на мувла) се примери за проценки за контрола на квалитетот.

Сигнатура (означување):

Сигнатурата треба да ги содржи следните информации, соодветно:

  • Име, адреса и телефонски број на аптеката што го издава лекот;
  • Име и адреса на аптеката што го подготвува лекот;
  • Име на препаратот, доколку е применливо;
  • Целосен квалитативен состав и количината на активната супстанција;
  • Број на серија, доколку е применливо; 
  • Рок на употреба или информации за ограничувањата за употреба;
  • Посебни услови за складирање или мерки на претпазливост при ракување;
  • Упатства за употреба, предупредувања и мерки на претпазливост;
  • Начин на администрација.
Референци:

https://ansm.sante.fr/uploads/2020/10/23/cerat-cosmetique.pdf