Ketoprofen e лек кој припаѓа на групата нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛи), а неговиот механизам на дејство подразбира редукција на синтезата на простагландини преку инхибиција на активноста на ензимот циклооксигеназа (СОХ1 и COX2); инхибицијата на активноста на СОХ2 резултира со инхибиција на синтеза на проинфламаторни простагландини, додека инхибицијата на активноста на СОХ1 резултира со инхибиција на синтеза на протективни простагландини, од кадешто потекнуваат и несаканите дејства на кетопрофенот.
Со отворање на кесичката следејќи ја линијата “пола доза” се добива доза од 40mg, односно од 25mg, а пак при следење на линијата “цела доза” се добива доза од 80mg, односно од 50mg.
Содржината од кесичката се истура во полу-наполнета чаша вода и се промешува.
Возрасни
- Препорачана доза на ketoprofen е 80mg, трипати дневно, односно на 8 часа, во тек на оброк;
- Максималната дневна доза на ketoprofen е 200mg.
Посебни популацииПостари пациенти
- Се препорачува прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Употребата на ketoprofen е контраиндицирана кај деца и адолесценти на возраст под 16 години.
Пациенти со ренално оштетување
- Пациенти со лесно до умерено ренално оштетување – препорачливо е прилагодување на дозата;
- Пациенти со сериозно ренално оштетување – употребата на ketoprofen прашокот за перорален раствор е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
- Се препорачува примена на минимална дневна доза.
Ketoprofen гранулите за перорален раствор се земаат во тек на оброк.
Ketoprofen го намалува фертилитетот.
Поради можноста од појава на вртоглавица, поспаност или конвулзии како резултат на употребата на ketoprofen, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.