Tретман на инфламаторни, дегенеративни и метаболни ревматски болести
Болка при настинка
Забоболка или болка по вадење на заб
Главоболка
Болки во грбот
Менструални болки (дисменореа)
Болка при повреда (вклучувајќи спортски повреди) и после хируршки интервенции)
Хиперпирексија
Ketoprofen e лек кој припаѓа на групата нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛи), а неговиот механизам на дејство подразбира редукција на синтезата на простагландини преку инхибиција на активноста на ензимот циклооксигеназа (СОХ1 и COX2); инхибицијата на активноста на СОХ2 резултира со инхибиција на синтеза на проинфламаторни простагландини, додека инхибицијата на активноста на СОХ1 резултира со инхибиција на синтеза на протективни простагландини, од кадешто потекнуваат и несаканите дејства на кетопрофенот.
Ketoprofen тврдите капсули се земаат за време на или по оброк, со најмалку 100mL вода или млеко.
Пациентите може истовремено да земаат антациди и/или протективи на гастричната мукоза, со цел да се намали можноста од појава на несакани дејства на ketoprofen врз дигестивниот систем.
Препорачана дневна доза на ketoprofen тврдите капсули е 50mg на секои 8 часа.
Максималната дневна доза е 150mg.
Посебни популацииПостари пациенти
- Се препорачува примена на најниската доза, поради постоење на ризик од гастроинтестинално крварење.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на ketoprofen тврдите капсули кај пациенти од педијатриската популација.
Пациенти со ренално оштетување
Пациенти со хепатално оштетување
Ketoprofen тврдите капсули може да се земаат за време на или по оброк.
Поради можноста од појава на вртоглавица, поспаност или конвулзии како резултат на употребата на ketoprofen, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.