Ketoprofen e лек кој припаѓа на групата нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛи), а неговиот механизам на дејство подразбира редукција на синтезата на простагландини преку инхибиција на активноста на ензимот циклооксигеназа (СОХ1 и COX2); инхибицијата на активноста на СОХ2 резултира со инхибиција на синтеза на проинфламаторни простагландини, додека инхибицијата на активноста на СОХ1 резултира со инхибиција на синтеза на протективни простагландини, од кадешто потекнуваат и несаканите дејства на кетопрофенот.
Препорачана дневна доза на ketoprofen растворот за инјектирање / инфундирање е 200mg дневно.
Употребата на растворот за инјектирање / инфундирање не смее да трае подолго од 3 последователни денови.
Не смеат да се мешаат трамадол и ketoprofen во исто шише, поради тоа што се создава талог! Инфузионите шишиња треба да се завиткаат во црна хартија или алуминиумска фолија, бидејќи ketoprofen е чувствителен на светлина.
Интрамускулна употреба
- Препорачана интрамускулна доза на ketoprofen растворот за инјектирање е 100mg, еднаш до двапати дневно.
Интравенска инфузија
- Ketoprofen растворот за инфундирање се администрира само во болнички услови; се администрира во период од 30min до 1 час, максимум 48 часа.
Периодична интравенска инфузија
- 100 – 200 mg ketoprofen се разредуваат во 100 mL 0,9% физиолошки раствор на NaCl кои се администрираат во период од 30min до 1 час.
Континуирана интравенска инфузија
- 100 – 200 mg ketoprofen се разредуваат во 500 mL 0,9% физиолошки раствор на NaCl, лактатен Рингер раствор или раствор на глукоза, кои се администрираат во период од 8 часа;
- Ketoprofen може да се комбинира со аналгетици со централно дејство; тој може да се меша со морфин во исто шише: 10 – 20 mg морфин и 100 – 200 mg ketoprofen се разредуваат во 500mL 0,9% физиолошки раствор на NaCl за инјектирање или лактатен Рингер раствор.
Посебни популацииПостари пациенти
- Се препорачува примена на најниската доза, поради постоење на ризик од гастроинтестинално крварење.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на ketoprofen растворот за инјектирање / инфундирање кај пациенти од педијатриската популација.
Пациенти со ренално оштетување
- Кај пациентите со умерено ренално оштетување (креатинин клиренс < 20 mL/min) дозата на ketoprofen растворот за инјектирање / инфундирање треба да се намали;
- Кај пациентите со сериозно ренално оштетување, употребата на ketoprofen растворот за инјектирање / инфундирање е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
- Кај пациентите со хронично хепатално оштетување со намален серумски албумин, дозата на ketoprofen растворот за инјектирање / инфундирање треба да се намали;
- Кај пациентите со сериозно хепатално оштетување, употребата на ketoprofen растворот за инјектирање / инфундирање е контраиндицирана.
Поради можноста од појава на вртоглавица, поспаност или конвулзии како резултат на употребата на ketoprofen, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.