Лек: Октенисепт (HDPE шише со PP затворач + LDPE спреј пумпа х 50 ml)

  • ATC код:G01AX66
  • Компанија:ДПУП ПФЦ ТРАДЕ ДОО Скопје
  • Доза:0,1% + 2% раствор за кожа
Антисептик за кожа, слузокожа и рани
Повторлив краткотраен антисептичен третман на слузокожа и околната кожа пред дијагностички и хируршки постапки
  • Во аногениталната регија на вагина, вулва и гланс пенис, пред катетеризација на мочниот меур; 
  • Во усната празнина.
Краткотрајна дополнителна терапија на интердигитални габични инфекции и дополнителна антисептична терапија на рани
Octenidine
  • Octenidine претставува катјонско активно соединение, кое како резултат на двата катјонски центри поседува површински-активни особини. Octenidine реагира со клеточниот ѕид и мембранските компоненти на микробиолошката клетка и на тој начин доведува до уништување на клеточната функција. На клеточно ниво, octenidine врши деполаризација на клеточната мембрана и на тој начин ја менува нејзината флуидност, додека на молекуларно ниво, octenidine го нарушува “пакувањето” на фосфолипидите кои се дел од мембраната на бактериската клетка.
Phenoxyaethanol
  • Механизмот на антимикробното дејство на phenoxyethanol се заснова на зголемената пермеабилност на клеточната мембрана за калиумови јони.

Растворот е наменет исклучително за локална употреба и не смее да се внесува во ткиво (на пр. со употреба на шприц). Растворот се нанесува на површината која треба да се третира, обезбедувајќи целосна препокриеност со растворот.

Површината која треба да се третира се пребришува со најмалку 2 тупфери натопени со растворот, еден после друг, со што ќе се обезбеди целосна навлажнетост. Алтернативно, на тешко достапните површини, растворот може да се испрска.

После аплицирањето, треба да се обрне внимание на контактното време од најмалку 1 до 2 минути пред да се продолжи со понатамошните постапки.

Испирање на устата
  • Применливо во случај кога треба да се третира целата усна празнина; за таа намена, се употребуваат 20mL од растворот во период од 20 секунди.
Краткотрајна дополнителна терапија на интердигитални габични инфекции
  • Инфицираните површини да се испрскаат наутро и навечер.
  • Хиперсензитивност кон octenidine;
  • Хиперсензитивност кон phenoxyethanol;
  • Растворот не смее да се употребува за промивање на абдоминалната празнина (на пр. интраоперативно) или мочниот меур, ниту на ушното тапанче.
Антисептични препарати на база на повидон-јод
  • Истовремената употреба со антисептични препарати на база на повидон-јод на блиски анатомски регии од кожата може да резултира со појава на виолетово до силно-кафено обојување на граничните места.

Нема влијание.

Бременост
  • Употребата на octenidine, phenoxyethanol растворот за кожа може да се земе предвид, доколку е тоа потребно.
Доење
  • Нема податоци кои се однесуваат за употребата на octenidine, phenoxyethanol растворот за кожа за време на доење.

Нема податоци.

Ретки
  • Печење, црвенило, пруритус и топлина на местото на апликација.
Многу ретки
  • Контактна алергиска реакција (на пр. привремено црвенило на местото на апликација).
Непознато
  • Перзистентен едем, еритем, некроза на ткиво (се јавуваат во услови кога растворот се користи за испирање на длабоки рани).  

Во случај на локално предозирање, засегнатите анатомски регии на кожата треба обилно да се испираат со Рингеров раствор.

Во случај на проголтување на големи количини од растворот, може да дојде до иритација на слузокожата на ниво на гастроинтестиналниот тракт.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:G01AX66
Генерично име:octenidine, phenoxyethanol
Латинично име:Octenidine, phenoxyethanol cutaneous solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:0,1% + 2% раствор за кожа
Производител:ДПУП ПФЦ ТРАДЕ ДОО Скопје
Носител на одобрение:Schulke&Mayr GmbH, Нордeрштед, Германија